Со ништење на земјоделството и енергетиката Владата ја руши Македонија

  • Став на Благица Сековска – Професор на катедрата за Рурална економија при Факултет за ветеринарна медицина и активист за зачувување на животната средина.

Владата решила по секоја цена да го уништи земјделското производство во Македонија. Живееме во време во кое заканата од глобален судир никогаш не била поголема. Живееме во време во кое храната поскапува на дневна основа и дури и да не се случи глобален воен судир, со толку многу локални војни каде се случува потполна девастација на се’, хрната ќе има тенденција да станува поскапа од злато, до колку ваквите негативни трендови продолжат.

И во едни такви геополитички околности, кога секоја нормална земја што се грижи за својот народ размислува како да ја обезбеди сигурноста со храна (food security) за своето населиние, нашата недоквакана влада носи предлог закон за изменување и дополнување на законот за земјоделското земјиште со кој вели дека: „Земјоделското земјиште може да се пренамени во градежно во постапка пропишана со Законот за урбанистичко планирање и согласно овој закон или да се користи за неземјоделски цели согласно со членот 51 од овој закон“.

Понатаму додава дека „Земјоделското земјиште од I и II катастарска класа не може да биде пренаменето заради донесување на урбанистички проект вон опфатот на урбанистички план и урбанистички план вон населено место со кое се планира наменска зона за енергетски градби (хидроелектрични централи, термоелектрични централи, нуклерани електрани, ветерни електрани, концетрациони сончеви електрани, електрани на биогориво и површински соларни и фотоволтаични електрани).“, но, дека „Земјоделското земјиште од III и IV катастарска класа може да биде пренаменето заради донесување на урбанистички проект вон опфатот на урбанистички план и урбанистички план вон населено место со кое се планира наменска зона за енергетски градби (хидроелектрични централи, термоелектрични централи, нуклерани електрани, ветерни електрани, концетрациони сончеви електрани, електрани на биогориво и површински соларни и фотоволтаични електрани) само доколку во катастарската општина за каде се планира донесување односно одобрување на урбанистичкиот план односно урбанистичкиот проект нема земјоделско земјиште од пониска катастарска класа.
Но, секогаш има исклучоци во интерес на олигархијата, нели…

Понатаму во истиот предлог закон се додава: „По исклучок од став 2 и 3 на овој член земјоделското земјиште од I до IV катастарска класа може да биде предмет на пренамена доколку урбанистичкиот проект е за планирање на градби за кои со закон е уреден стратешки интерес и пренамената се врши со донесувањето на законот со кој е уреден стратешки интерес.“

Законот е поставен на ЕНЕР, а таму може да се воочи дека сите промени се во прилог на интересите на олигархијата која намислила да гради фотонапонски централи на плодна почва покриена со систем за наводнување. Од една страна ги продаваат Чебрен и ХЕЦ Тиквеш на Грците, заедно со водата на реката Црна, а на плодното земјиште наменето за производство на храна ќе градат фотонапонски централи кои не можат да произведат ни една десетина од она што може да произведат Чебрен и ХЕЦ Тиквеш. Какви постапки со долгорочни штетни последици за Македонија инспирирани само од лукративни причини, без никаква грижа за стратешките интереси на државата и македонскиот народ!

Зошто владат сака да ја уништити иднината на својот народ, загрозувајќи го и снабдувањето со храна и снабдувањето се енергија?