Инцидент се случи на денешниот протест против прифаќање на францускиот предлог. Додека протестирачите се движеа кај трговскиот центар Мавровка, група од петнаесетина луѓе искористувајќи ја полицијата пукаа со огнено оружје и маваа со камења по демонстрантите.
Како што сведочат очевидците од местото на настанот, групата стоела покрај полицијата и пукала кон демонстрантите, а полицијата не реагирала во ниту еден момент, а ниту одблиску брутално како вчерашните апсења и тепања пред Собранието.

Тоа што полицијата не се обиде да ги заштити граѓаните кои мирно протестираа го отвара прашањето дали ова е реакција по заканата претходно од министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој најави меѓуетнички конфликти доколку не се прифати францускиот предлог?
Според првичните информации лицето „уловено“ (на фотографијата) како пука е Енис Јусуви – Купи, кој важи за близок човек на Села и e Брат на директорот на ЈП Комуналец.