Меѓународен симпозиум по археологија на тема „Накитот од заштита до статус“ од 2-5 ноември во Струмица

НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица  од 2 (четврток) до 5 ноември ќе го одржи VII по ред меѓународен Симпозиум по археологија на тема: „Накитот, од заштита до статус“.

На симпозиумот освен домашни учесници свое излагање ќе имаат и излагачи од Полска, Италија, Србија, Хрватска и Бугарија.

Симпозиумот ќе се одржува во хотелот „Сириус“ во Струмица, а свеченото отворање ќе биде на 2 ноември (четврток) со почеток од 19:30 часот.