Тешкотиите ќе исчезнат, но доброто дело ќе остане- Македонската ‘робинзонијада’ на Малахови- Изложба во Музеј на Град Скопје

Вечерва 19.10 со почеток од 19 часот во Музеј на Град Скопје ќе се отвори изложбата – Тешкотиите ќе исчезнат, но доброто дело ќе остане- Македонската ‘робинзонијада’ на Малахови.

Изложба за животната приказна за членовите на семејството Малахови, врвни интелектуалци , олицетворение на хуманост, слобода, творештво, сила на човечкиот дух, животна мисија.

Александар Малахов, раководител на одделението за рударството при АСНОМ, предавач на катедрата по географија при Филозофскиот факултет (прв предавач на оваа катедра), основач и прв директор на Геолошкиот институт;

Георги Малахов раководи со изградбата на претпријатијата за сува дестилација, каде се применуваат и неговите изуми (комбинат во Берово и др.);

Светлана Малахова, основоположник на куклениот театар во Македонија;

Марија Малахова (Шпис), работејќи за Етнолошки музеј во Скопје како и во Музеј на град Скопје како сликар документатор, создавајки збирка на цртежи со македонски народни носии, елементи од народна облека, традиционална архитектура, инвентар итн. (повече од 300 цртежи); за широката публика познат е само мал дел од нејзините цртежи преку објавените 40 нејзини дела во албумот „Македонски народни носии“ од 1963 г. 

Тимот одговорен за оваа изложба се Јасмина Најдовска, Лина Жила, Јасминка Намичева и Љубица Велковска.

Графички дизајн – Јован Стојановски.