Левица: Здравствените установи во Куманово под водство на ДУИ и Алијанса на Албанците

Реакција на Левица – ЛО Куманово

По истек на мандатот на директорката на кумановска болница, беше назначена нова директорка да раководи со ЈЗУ Општа болница – Куманово.

Министерството за здравство раководено од министер Фатмир Меџити пред само еден месец ја назначи за в.д директор д-р Биљана Ивановска која е вработена во болницата како психолог по општа психологија.

За само еден месец истата е разрешена и на нејзино место е именуван д-р Фати Џемаили, уролог во болницата.

Кумановската болница е една од најголеми во државата и брои повеќе од 700 вработени, а опслужува околу 200.000 пациенти од Североисточен регион.

Очигледно неосновано разрешување на директорката е резултат на партиски договор и неспособноста на владата на СДС која исто така дозволи останатите две здравствени институции Здравствен дом и Центар за јавно здравство во Куманово да ги водат директори на ДУИ