Мециновиќ: Живееме во триаголник на минимална држава, криминална власт и општество кое се распаѓа

  • Фејсбук статус на Амар Мециновиќ – Портпарол на Политичката партија Левица

Државата, ќе бара помош за справување со кучињата-скитници од Брисел (и многу повеќе).

Генијалците ќе оделе во Брисел. Во тој град постојат 12 илјади фирми за лобирање, европските институции, па и многубројни кафулиња. Каде одите во Брисел, багро? По хотели по легитимитет?

Македонија – од социјалистичко уредување преку шок терапии, бранови приватизации и ситнење на остатоците на социјалната држава до дегенерација во сите сфери на животот.

Либералите, таму-ваму, почнуваат да бараат проактивност на државата. Кај обичните луѓе одамна не поминува ‘невидливата рака на пазарот’, која во наши услови, е прилично видлива и насочена кон грабеж.

Во тој триаголник, на минимална држава, криминална власт и Општество кое се распаѓа – се бара сѐ поголем и решителен одговор за стабилизација од позиција на власт, меѓутоа:

На власт, ограничени луѓе и структури кои знаат единствено две работи, по една за внатрешната и надворешната политика.

Прво, специјализирани се во разработени шеми на државен криминал, субверзија на судството и мафијашки преплет на политички и бизнис дејствија за акумулирање на многу пари.

Второ, со тие многу пари знаат да отидат во странство, и пошто се само со украдени пари, да купуваат модели да се прикрие неспособноста во секое поле во државата. И така, државата ни ја водат таму некои агенции, секако со провизија за интелектуалците на крадењето, само за да останат мисловно неразвиени личности на позиции на моќ.

А зошто е проблематично странското влијание, кое е во нашиот случај и на приватни бизниси над наши политичари?

Дел е од тој маѓепсан круг, на странскиот капитал не му одговара протекционизам и планирање, она што нам очајно ни треба за излез од оваа провалија.

Олеснителна околност за распадот на Југославија беше токму овој спој и средба на домашните директори и политичари со странските, бидејќи нашите имале моќ но го немале луксузот на тамошната буржоазија, за сега конечно да ги уживаат тие плодови. Нашите шејкови, со фирми за струја да се чувствуваат удобно низ Европа а за возврат странскиот капитал да им се шета низ Македонија.

П.С. Поздрав и до другарите од ВМРО-ДПМНЕ со најлоша смисла за хумор и најлоша идеологија на нивните странски гуруа. Знае народот каде му е срцето.