Захарова: Aмериканската елита го користи украинскиот народ како „топовско месо“

Користејќи го украинскиот народ како „топовско месо“, американската елита, без разлика на партиската припадност, редовно им служи на интересите на воено-индустрискиот комплекс, кој профитира од воените испораки и во Украина, и во другите земји.

Како одговор на соодветните барања од Киев, на крајот на декември 2022 година Капитол одобри распределба на речиси 45 милијарди долари за Украина во фискалната 2023 година, а на 6 јануари стана познато за распределба за Киев на нов пакет воени производи во вредност од 2,85 милијарди долари.

И покрај тоа, властите во Киев сметаат дека западните сојузници не ѝ помагаат доволно на Украина. Ова искрено го изјави нејзиниот, како што рече, министер за надворешни работи Кулеба, кој тврдоглаво бараше од неговата германска колешка Аналена Бербок, која на 9 јануари ги посети Киев и Харков, гаранции за снабдување со тенкови „Леопард“ од Берлин.

Украинскиот амбасадор во Лондон Пристајко, во интервју за Newsweek на 7 јануари, ги повика земјите од НАТО да стават крај на предрасудите (Каков оптимист! Тој мисли дека сѐ уште ги имамат таму) и „да не пропуштаат единствена шанса“, обезбедувајќи конечно голем број оружје што му е потребно на Киев „заради победа над заколнатиот непријател“.

Добро познато е дека целта на Западот во Украина е по секоја цена да ѝ нанесе максимална штета на Русија која доктринарно е прогласена за главен противник на САД.
Американското и другото западно оружје во Украина, како и странскиот воен персонал што го сервисира, се легитимни цели за напади на руските вооружени сили.