Наместо уставобранителите, ДПМНЕ е во одбрана на оние кои не гласаа „За“ амнестија на уставобранителите

  • Фејсубук статус на Александар Симонов – Координатор на Левица – Сектор Надворешна политика

Осум (контра)констатации, мотивирани од Осум пратеници, за ставовите по крупните прашања, на една се поситна политичка парија и дискурсот што сакаaт да го исцелат:

1. ВМРО-ДПМНЕ од вчера не ги брани уставобранителите, туку ги брани оние кои НЕ гласаа ЗА амнестија на уставобранителите!

2. ВМРО-ДПМНЕ не е во „војна“ со СДС (уште помалку со ДУИ) за уставобранителите, туку е во војна со Левица и сите останати кои ги доживуваат како предавници!

3. ВМРО-ДПМНЕ е повторно соголено пред своето членство, искрените патриоти и оние кои беа на секој протест за амнестија на уставобранителите!

4. По иницијативата од Стари и Јанаки, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема да можат да глумат жртви и зборуваат за режим по ова прашање!

5. Кога требаше да се амнестираат „хашките случаи“ од ВМРО-ДПМНЕ сите пратеници беа на број, дури и од позиција на власт, а само да не дојдеа на Седница, немаше да помине.

6. ПР-от за оправдување на постапката која ја водат „ботовите“ на ВМРО-ДПМНЕ е единствениот ПР што може да ја надмине безнадеждността на „премиерските ботови“!

7. Патриотите од членови на ВМРО-ДПМНЕ ги бранат „уставобранителита“, дечките на нивните платени списоци ги бранат оние кои не гласаа!

8. Не видов никој од оние членови на ВМРО-ДПМНЕ кои по некаков основ (паушал или слично), се на платен список, да пишат нешто против оние кои НЕ гласаа „ЗА“ амнестија, иако заедно биле на протести! (нека простат претпоставувам некој таков некаде има).

– Не постои човек во државата што не верува дека ВМРО-ДПМНЕ не’ одработи за името, уште помалку дека нема да одработи за бугаризацијата на уставот во најава.

– Медиумите ја пренесуваат веста како сосема секојдневна работа, а не како да станува збор за човечки судбини или сериозни политички местенки, и за истата ќе се однесуваат како за неколку дена да треба да биде заборавена. Целта е да ја стишаат бурата со цел двете најголеми партии да не губат од гласачкото тело, а тоа што ВМРО-ДПМНЕ се самолишуваше од правото да ја застапува темата, значи победа за СДС и затвор за уставобранителите.