Кацаров: Воените корпорации во членките на НАТО остваруваат огромни профити по конфликтот во Украина

  • Фејсбук статус на Тодор Коцаров – Студент на Мировни студии при филозофскиот факултет на УКИМ

Најголемите воени и одбранбени корпорации на земјите-членки на НАТО забележаа зголемување на пазарната вредност од 21,5% во 2022 година поради воената операција во Украина и повторното вооружување во Западна Европа.

Комбинираната пазарна капитализација на корпорациите се зголеми од 579 милијарди долари во декември 2021 година на 703 милијарди долари во декември 2022 година.

25 компании оствариле капитализација од над 1 милијарда долари, кои се тргуваат на берзата и имаат воени производи кои доминираат во нивните приходи, а активно се вклучени и во снабдувањето со оружје за Украина.

Во последните 12 месеци, има пораст на цената на акциите од 122%. Францускиот производител на беспилотни летала и ракети Талес забележа раст на неговата пазарна вредност за 54%.

Додека американскиот одбранбен изведувач Нортроп Груман порасна за 44%, залихите на производителот на ракетни фрлачи HIMARS, Локхид Мартин, поскапеа за 42%.

Други значајни корпорации кои имаат остварено значаен раст се: BAE Systems (+40%), Kongsberg Gruppen (+37%), General Dynamics (+24%) и Raytheon Technologies (+19%). И нормално дека ќе се војува до последен украинец и секоја можност да се направи профит ќе се искористи!