Лошата енергетска политика го уништува земјоделието во светиниколско

  • Реакција на Левица – ЛО Свети Николе

На обработлива земјоделска површина од 500 хектари државно земјиште во овчеполската котлина од кои 130 хектари на територијата на Општина Свети Николе најавено е изникнување на фотоволтаична централа од страна на инвеститор од земја членка на НАТО!

Иако на фотоволтаичниот парк е најавен поставување на агрофотоволтаици за кои се наведува овозможување производство на одредени култури, месното население се сомнева во целосната реализација на истото и апелира на опасноста од уништување на нови парцели со плодна земјоделска површина, кои овозможуваат профит единствено за странската олигархија.

Државната енергетска политика се спроведува без никаква долгорочна стратегија, а обновливите извори на енергија станаа изговор за грубо одземање на државните земјишта од кои егзистира месното население и во интерес на странскиот капитал се доуништува оваа круцијална гранка, што резултира со намалено производство на храна од година во година.

Сметаме дека лошата енергетската политика од актуелната Власт е резултат на желбата за профит од здивената прекугранична олигархија и е дополнителен фактор за уништување на земјоделието и производството на храна, како основен ресурс за опстанокот на една држава.

Затоа, Левица апелира на преиспитување на ваквите одлуки и донесување на национална стратегија во која обновливите извори на енергија ќе бидат исклучително државна инвестиција, а нивното поставување ќе се наоѓа на површини кои не нанесуваат штета на земјоделското земјиште. Паралелно со ова, на земјоделците од светиниколски им е потребен ефективен и обновен системи за наводнување, субвенции за земјоделската механизација и реализација на проекти кои ќе го зголемат производството на храна и подобрат стандардот на македонскиот земјоделец.