(Видео) Странските позајмици ја гарантираат економската мизерија – амбасадорите ни го газат достоинството

Date:

  • Дел од гостувањето на портпаролот на #Левица Амар Мециновиќ во емисијата ,,Тешки муабети”:

,,Кога зборуваме дека ни се распаѓа општеството и дека сме поларизирани, треба да се коментира и тоа дека некои луѓе заработуваат од зло! Никако не може да се изморализира ова што се случува со коцкањето – со казината и обложувалниците. Не треба веќе да се користи политичка коректност за ова – бидејќи е гнасно!

Неверојатно е како се однесуваат странските амбасади со нас. Австрискиот амбасадор се повикува на слободата на пазарот за да ги заштити приватните интереси во индустријата за коцкање, како за австриските така и за домашните тајкуни. Слобода на пазарот која патем ја гарантираат првичните долгови од деведесеттите кои Македонија ги има земено од Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд – на начин така што се вградени ,,полиси за структурално прилагодување”. Јас ти давам пари, и ако не сакаш да плаќаш пенали и да си санкциониран, ти ќе се придржуваш до одредени правила – за царински квоти, субвенции и целокупното економско уредување на домашниот пазар.

На овој начин се гарантира нашата економска мизерија. Сега, австрискиот амбасадор, повикувајќи се всушност на тие структурални полиси, ни вели да си го почитуваме Уставот!”

Линк од видеото: https://www.facebook.com/watch/?v=3727156664183044&extid=CL-UNK-UNK-UNK-AN_GK0T-GK1C&ref=sharing&mibextid=Nif5oz

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Трамп сака ЕУ да испрати војници во Украина

Се шпекулира дека предлогот за прекин на огнот би...

Тестиран кинески хиперсоничен авион што лета со брзина 6,5 пати поголема од брзината на звукот

Главниот истражувач на проектот изјавил дека станува збор за...

Нигер го забрани Би-Би-Си поради „ширење дезинформации“

Регулаторот за медиуми на африканската држава нареди суспензија на...

Левица: Во кујната во „Кромберг и Шуберт“ продолжува кршењето на работничките права

Пред одреден период, Левица објави за непочитување и кршење...