Улогата на НВО во промоција на анти-македонизмот и етаблирање на фашизмот во Македонија

  • Фејсбук статус на Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиумот на Левица.

Нивото на втемеленост и разгранетост на фашизмот и шовинизмот во Македонија е право-пропорционално со тоа колку проекти имаат спроведено НГО-ашите и „независните новинари” со поддршка на фондациите регистрирани во земјите од евро-атлантикот.

Забележан е особен успех/удел на оние кои се поддржани од УСАИД, К. Аденауер, Ф. Еберт и Фондацијата на Британското Кралство. Во оваа насока доволна е само кратка и површна ретроспектива за да видете како работи империјалистичката пропаганда преку маша (читај несвесни или само-свесни странски платеници ширачи на анти-македонизам и трустови задолжени за линчување, јавно иссмевање и сквернавење на се што е македонско и про Македонија како државен и национален интерес):

– Прво, го демонизираа знамето со сонцето од Кутлеш: под притисок на Грција и ЕУ истото го променивме;

– Кога Македонија доживеа агресија од терористичка група, која се формира и влезе преку Косово, ги прогласија за „борци за човекови права“ додека безбедносните сили на АРМ ги омаловажуваа како „селјаци” кои, нели, не знаат за рок и џез, а косово го признаа за независна држава и Македонија ја отворија како транзит и тренинг зона за криминалот од Косово;

– Разните квоти за вработување, за стипендија или било каква институционална поддршка, па дури и учеството/формирањето на Судската и Извршната власт по етнички клуч го прогласија за врвот на демократијата. Сите они кои се спротивставуваат на ваквата небулоза се прогласија за националисти;

– Кога Македонија ја поделија (територијална поделба) на племенски влијанија, погодно за ДУИ и Амбасадата на САД да можат да направат и извршат влијание за било што во Собранието на републиката а притоа без да имаат било каква сериозна поддршка од народот, кој демек слободно на избори бира свои претставници, го оправдаа и се’ уште го правдат како „мултикултурализам“ и „инклузивна интеграција“;

– Двојазичноста, за која добија сериозни забелешки и од Венецијанската комисија, која освен што ќе ја парализира државата, трајно и во неповрат ќе го однесат процесот на дезинтеграција на македонската национална култура и единство, го правдаа како „малцински права“ а всушност претставува параван за Тиранската платформа која системски ја втемели тиранијата на малцинството врз Македонија;

– Промената на името на државата беше прогласено за врв на добрососедството(?!) па сите што беа против (а беа многу, многу повеќе од нив) беа линчувани и градени како „груевисти” и „небањати“, заостанати клошари, што демек “не излегле подалеку од Ниш” – уште што не рекоа дека тоа се всушност сиромашните кои треба да се игнорираат и презираат;

– Станувањето дел од воената алијанса НАТО и трошењето народни пари за нивното оружје како и праќањето наши војници во нивните империјалистички мисии, исто од овие ликови дознавме дека тоа всушност беше “славење на мирот”. Кога ќе ми текне дека и некои лакмуси за левичарство агитираа за НАТО (!?);

– Еве денеска чекаме како нео-фашизмот и анти-македонизмот, предводен од евро-атлантикот а спроведуван, освен од Бугарија и Грција, не помалку и од внатрешните политички чинители на албанците, ќе го прогласат за врвна вредност во земјата на чудата – ЕУ. Секако, сите што не мислиме така ќе бидеме “руски ботови”, “русофили”, “путиновци”, па можеби на крај ќе не осудат и за тоа што сме комунисти и социјалисти.

П.С. За „србизам” веќе почнаа да повикуваат на придушување на се што е српско само не и пченицата, пченката и маслото…

П.С.С. Меѓу првите реформи во новата република мора да биде ограничување на делокругот на делување на ваквите организации воедно пропратена со темелна лустрација во овој простор.