Ахмети го откри договорот потпишан со „Вреди“: Ќе се согласи ли ВМРО-ДПМНЕ на уставни измени?
едиштето на колацијата „Вреди“ денеска во фокусот на медиумскиот објектив. Домаќините пристигнаа триесеттина минути порано во седиштето чекајќи ги гостите предводени од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрисатијан Мицкоски. На плоштадот кај споменикот на Скендербег од минута во минута стануваше раздвиено, пред влезот на седиштето „Вреди“ Меџити со неговите соработници рече дека одлучиле да пуштатт соопштение преку кое ќе информираат за текот на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ, на иста линија и од ВМРО-ДПМНЕ дека преку заедничко соопштение ќе ги изнесат деталите.
Домаќините тргнаа да ги пречекаат гостите. Мицкоски придружуван од неговите блиски соработници пред почетокот на состанокот кратко изјави дека ова всушност е прва средба за меѓусебно запознавање, но интересот кај медиумите беше дали на оваа средба ќе се разговара за министерски позиции, но сето тоа барем засега остана зад затворени врати во седиштето на „Вреди“.
Паралелно, додека ВМРО-ДПМНЕ и Вреди беа на средба, на неполн километар заседаваше ДУИ во хотелот „Холидеј ИН“.
Али Ахмети, лидер на Европскиот фронт и претседател на ДУИ, на денешниот собир на претставниците и членството на коалицијата објави политичка декларација која била потпишана со лидерите на „Вреди“. Како што кажа Ахмети, декларацијата била потпишана на 13 јануари годинава – со истата сите потписници се обврзале да соработуваат само со политички чинители кои се согласни за вметнување на Бугарите во уставот.
Во меѓувреме од Колацијата Вреди изјавија дека преговорите одат во позитивна насока и дека од понеделник ќе се формираат работни групи.
Доцна попладнево стигна и соопштение од ВМРо ДПМНЕ во кое наведуваат дека на средбата биле договорени општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.