Возбудлива културна програма за Бела ноќ во Културно информативен центар – Скопје

На 30 септември (сабота) на повеќе локации низ градот меѓу кои и Културно информативен центар – Скопје ќе се одржи 19-то издание на најпрестижниот културен настан во Скопје – Бела Ноќ.
БЕЛА НОЌ е вечер на уметност и креативност, кога улиците и местата во Скопје стануваат плато на кое се претставуваат различни видови перформанси и култура.
Секоја година  градскиот простор се трансформира во место на интеракција и впечатливи перформанси. Очекувајте уметнички перформанси, музички бендови, изложби, и многу повеќе.
Со сигурност, ова ќе биде незаборавно издание на Бела Ноќ.
ПРОГРАМА
-Солистички концерт на Даница Стојанова
Салон 19:19 во 13 часот
-„Другарување со Пет и Еко“ детска театарска претстава
Салон 19:19, 19 часот
Промоција на книгата „Црвена месечна“ од Вера Симовска
Салон Империјал , 19:30 часот
Концерт на Трио Џентлмен
 Салон Империјал 1, 21 часот
Unplugged концерт на групата Баклава
Салон Империјал 1, 22 часот
„Омеѓени приказ(н)и“ изложба на цртежи од Тони Васиќ
Салон Империјал 1, постојано
– „FLUX Sufacing“ изложба на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова
Салон Империјал 2,постојано
 „СловоКулт :: Берлин“ интердисциплинарна групна изложба
Продажен салон, постојано
 Настанот е дел од културна понуда на Град Скопје Европска престолнина на културата 2028