Пропалестинските протести се шират, полицијата во САД уапси над 100 студенти

Над 100 пропалестински демонстранти се уапсени во неколку американски универзитетски кампуси, додека активистите порачаа дека ќе продолжат со Движењето, барајќи прекин на огнот во израелската војна со Хамас.

Полицискиот оддел на универзитетот Индијана во Блумингтон објави дека се уапсени 23-ца демонстранти под обвинение за неовластен престап и отпор при приведување.

Пропалестинските протести се проширија на универзитетски кампуси ширум САД, поттикнати од масовното апсење на над 100 луѓе во кампусот на универзитетот Колумбија минатата недела.

Покрај прекин на огнот, демонстрантите бараат одвојување на нивните училишта од компаниите кои се вклучени во израелската војска, како и крај на американската воена помош за Израел и амнестија за студентите и членовите на факултетите кои се дисциплински казнети или отпуштени поради протестите.

Раководствата на неколку универзитети побараа од полицијата да ги расчисти камповите и да ги уапси оние кои одбиваат да заминат, тврдејќи дека го бранат правото на слобода на говор во протестите, но дека нема да прифатат активисти кои ги кршат политиката на кампусот против говор на омраза или кампирање на универзитетско тло.