Левица со иницијатива до Уставен Суд за контроверзното именување на улици во Скопје

Прес-конференција на правниот тим на Левица и советничката во Советот на Град Скопје, Катерина Јовановска:

,,Денес правниот тим на Левица поднесе Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за именување на улици, донесена од страна на Советот на Град Скопје на ден 30 март 2021 година.

Оваа одлука донесена во времето на Петре Шилегов, освен што претставува популистичка мерка и обид за мобилизирање на изборни гласови од страна на албанското гласачко тело, претставува и директна спротивност на член 6 од Законот за именување на улици, мостови и плоштади, поточно, ги навредува националните чувствата на македонскиот народ и предизвикува нетрпеливост и раздор помеѓу етничките заедници во Република Македонија.

Улиците кои со што се опфатени со нашата иницијатива сега ги носат имињата на Адем Демачи, Ернест Колиќи, Митхад Фрашери и Сул Хота, кои што не само што немаат никаква допирна точка со македонската историја и македонската држава, туку се и спротивни на антифашистичкиот дух на борбата на македонскиот народ за слободна држава.

Мотивот за поднесување на оваа иницијатива не од етнички карактер, напротив!

Македонската историја изобилува со Албанци кои што биле дел од антифашистичката борба и се бореле рамо до рамо со македонскиот народ и другите народи за независна и слободна македонска држава. Такви личности се Ибе Паликуќа, Кемал Аголи, Том Ник Ѓелај, Нафи Сулејмани, Шахи Мехмети, Мурат Бафтијари, Шаин Садику и многу други.

Левица како политичка партија која во своите редови има членови од сите етнички заедници, смета дека именувањето на улиците и другите објекти во Република Македонија, треба да биде по личности, кои што се дел од генезата на Република Македонија како слободна и независна држава и кои што се во духот на градење на соживот, базиран на зеднички антифашистички темели.

Од тие причини, се надеваме дека Уставниот суд ќе постапи по нашата Иницијатива и дека ќе постапи согласно Уставот и законите на РМ.”

Видео:

https://fb.watch/nd5tr25dap/