Апасиев: Квислинзите Заев и Димитров ги нема на сцената, останува уште кривичниот прогон

Универзитетскиот професор, кој денес е пратеник во Собранието на Република Македонија, и Претседател на најбрзорастечката парија во Европа, Димитар Апасиев, е еден од најголемите борци на политичката сцена против т.н. „Преспански договор“.

Професорот Апасиев, имаше бројни телевизиски настапи, дебати, учества на разни трибини и панел дискусии, каде ги застапуваше македонските национални интереси, спротивставувајќи се на „Преспанскиот договор“ и укажувајќи на трајните штетни последици кој истиот ќе ги нанесе на Републиката.

За жал, најголемиот дел од предупредувањата на професорот за негативните последици од договорот се остварија и веќе се на виделина. Но, денес сè уште не е променет фактот дека „Неуспешниот референдум значи дефинитивен крај на т.н. Преспански договор“, а, референдумот е само еден аспект зошто договорот кој требаше да создаде добрососедски односи не може во иднина да опстои.

Освен пречката со неуспешниот референдум, овој договор се соочува и со „Смртните правни пречки поради кои т.н. Преспански договор е клинички мртов“, за кои професорот предупредуваше уште пред да биде ратификуван.

Покрај делигитимирањето на договорот кој стапи на сила без претседателскиот указ, на крај стигнаа и разобличувањето на лагите кои беа сервирани на народот од злонамерната владина пропаганда поддржана од „стратешките партнери“.

Приказната за договорот според која македонскиот идентитет беше заштитен, разобличена е по не цели „Две години Преспа“. Предупредувањето на партијата Левица за непостоењето ама баш никаква врска помеѓу договорот и интегрирањето во ЕУ, за жал е целосно потврдено во „Три години од нелегитимниот Преспански договор за Натовска Северна Македонија“.

На крај, државата е ставена во до толку подредена улога, со што ова решение за „добрососедски односи“ сега го искористува источниот сосед со што „Ветото од Бугарија е директна последица од Преспанскиот договор, а за тоа е виновен Заев!“

Заради ова, Политичката партија Левица смета дека „Заедничкото решение е најава за ново сериозно загрозување на македонската државност“ и се бори преговорите со Бугарија итно да се прекинат!

Левица цврсто верува дека „Поништувањето на Преспанскиот договор ќе биде првиот чин кон ослободувањето на македонскиот народ!“.

Претседателот на Партијата Апасиев, денес, на три години од илегалните уставни измени спротивни на Референдумот, потенцираше дека правдата целосно ќе биде задоволена тогаш кога квислинзите Заев и Димитров ќе се соочат со кривичен прогон за велепредавството кое го сторија!

„Трета година од илегалните уставни измени спротивни на Референдумот, а веќе ги нема Заев и Димитров од сцената. Така завршуваат квислинзите. А ние сме тука за кривичниот прогон кој ќе следува кога-тогаш. Оти предавствата кон сопствениот народ не застаруваат!“