Поранешната фирма на Ковачевски ќе произведува соларни панели во индустриската зона во Тетово

Компанијата Пиксел Груп на која поранешен сопственик е премиерот Димитар Ковачевски ќе гради фабрика за производство на соларни панели за фотоволтаични централи во индустриската зона во Тетово. 

Соларните панели ќе се произведуваат претежно за извоз, а во фабриката би биле вработени за почеток околу 200-тини работници. Дејноста е „производство на апарати за дистрибуција и контрола на електричната енергија.  

Покрај Пиксел Гриуп, во „Акционерското друштво за производство на фотоволтаични панели и соларни системи АЕ Солар АД Тетово“, удел поседува и АЕ Солар Хоризон АД од Софија, компанија преку која се најавува голема германска инвестиција, објави Фактор 

Пиксел Грoуп во септември 2020 соопшти дека Димитар Ковачевски како новоназначен заменик-министер за финансии во целост го повлекува износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa.