Русија ги демантираше обвинувањата за напад врз катедрала заштитена од УНЕСКО

  • Министерството за одбрана на Русија излезе со официјална реакција по обвинувањето дека е извршен напад на катедрала заштитена од УНЕСКО во која се вели дека извршените напади биле врз воената инфраструктура од која било планирано да се извршат терористички напади. Портпаролот на руското МНР Захарова, на прес-конференцијата кажа дека несрeќата се случила поради украинската воздушна одбрана, која својата инфраструктура ја распоредува во цивилни објекти. Во прилог дел од официјалната изјава на Министерството за одбрана на Руската Федерација:

Информациите што ги пренесе режимот во Киев за резултатот од употребата на прецизно оружје врз катедралата „Преображение“ во градот Одеса се лажни.

Сите поражени и уништени објекти ноќта на 23 јули оваа година во кои режимот во Киев, заедно со странските специјалисти, подготвуваше терористички акти против Русија, беа лоцирани на безбедно растојание од храмскиот комплекс.

Планирањето на удари со прецизно оружје против воената и терористичката инфраструктура на режимот во Киев се врши врз основа на информации внимателно проверени и потврдени преку неколку канали, исклучувајќи го поразот на цивилните објекти каде што е сместено цивилното население, како и на објекти од културно и историско наследство.

Земајќи ги во предвид видео снимките од катедралата „Преображение“ објавени од мештаните, најверојатната причина за нејзиното уништување е падот на украинската противвоздушна наведувана ракета како резултат на непрофесионални дејствија на операторите на системи за противвоздушна одбрана, кои вооружените сили на Украина намерно ги поставуваат во станбени области на населби, вклучително и во градот Одеса.