Русија ги раскина „Договорите од Истанбул“ поради тоа што житото не заврши во сиромашните земји

  • Секвенци од брифингот на заменик Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Вершинин за договорите во Истанбул (познати како договорот за украинското жито) од 22 јули 2022 година (21 јули 2023 година), за кој како што вели тој, причината за прекин на овој договор е тоа што само 2.8% од житото заврши за сиромашните земји, додека најголемиот дел отиде во Европа. Во прилог во ги пренесуваме главни тези од неговото излагање:

Поголемиот дел од украинското жито отиде во Европа. Вкупно годишно од три пристаништа се извезени 32 милиони 856 илјади тони жито. <…> Вкупната количина на жито за сиромашните земји е 922 илјади тони, или 2,8%.

Прво треба има резултати, а потоа е можно да се продолжат напорите безбедноста на храната да биде постабилна и посилна.

Ја разбираме загриженоста што може да ја имаат нашите африкански пријатели. <…> Има ветувања од руската страна дека овие испораки [на храна] може да се заменат со бесплатни залихи за Африканците, сето тоа ќе биде направено и исполнето. Земјите на кои им е потребна природно ќе ги добијат потребните гаранции за нивната потреба од земјоделски производи во текот на контактите со нас и за време на претстојниот самит Русија-Африка.

Предложениот формат е возможен само откако ќе се исполнат условите за кои зборуваше Претседателот на Русија Владимир Путин. <…> Подготвени сме да разгледаме различни опции за понатамошно продолжување на испораките на жито на светскиот пазар.

Мислам дека Русија не може да се отфрли – и покрај тоа што се слуша од Киев – во решавањето на какви било прашања: во однос на регионот, во однос на Црното Море, во однос на безбедноста на храната. Едноставно не е можно.