Исмаил: Заради застапување на НАТО – интересите, власта е влезена во тоталитарна фаза

Не ретко во изминатиот период се слушаат изјави на Претседателот Пендаровски кои се во насока на постоење на вмешување на други држави и служби во внатрешноста на Република Македонија. Овие изјави најчесто се упатувани со заканувачки тон, а воедно се поврзуваат и со политички субјекти.

По однос на неговите изјави, членот на Президиумот на Левица Реџеп Исмаил (Хактан) во статус на социјалните мрежни направи споредба помеѓу изјавите на Пендаровски и што е она што се случува во реалноста.

Изјави на Претседателот Пендаровски: Од соседството ни доаѓаат руски агенти; Македонците се гледаат преку нишан, не може да има национално помирување; Странски служби праат протести против Протоколот;

Реалност: Македонија активно учествува во воен конфликт на украинска страна: праќа оружје, праќа пари од даночни обврзници, нуди дипломатска помош, уште војници да однесе на фронт.

Во продолжение Исмаил констатираше дека ова е политика на вазалско однесување и истакна дека во изминатиов период дури и најверните сојузници на САД, во меѓународните односи си го гледаат исклучително својот интерес.

Да знаете, ова се такви слуги, што дури и најверните сојузници на САД стојат на страна од војнава (Саудиска Арабија, Турција, Израел, Индија) и си гледаат работа во корист на својот народ, само Македонија се понаша ко русофобска балтичка енклава на САД и НАТО.

Според него, Владата на СДСМ и ДУИ е спремна до крај да ги брани интересите на НАТО, додека интереси на Републиката ги поставува на трето место.

СДСМ и ДУИ се спремни да ги бранат интересите на евро-атлантикот до последен жител на Македонија. Па дури мислам и самата Украина има повеќе шанси да се договори за примирје, ама Македонија до смрт ќе ја демонстрира русофобијата и покорната и жртвена лојалност кон колективниот Запад!?

Тој смета, дека заради застапувањето на интересите на туѓи држави, моментална власт е влезена во фаза на тоталитаризам.

Сега е најопасната фаза на тоталитарната власт, освен бизнисот и раскошот, сега и слободата им зависи од одбраната на анти-руската стратешка позиција на атлантикот.

На крајот, Исмаил постави прашање до Претседателот, зошто бизмисмените кои профитираат од „атлантскиот свет“ не одвојат од личниот имот за да помогнат на Украина, туку државата одвојува од „народниот имот“ кој е сочинет најмногу од оние кои не се согласуваат со актуелната политика.

Па Претседателе, што не ги собереш атлантскиве бизнисмени и политичари, па со личниот имот да ја помогнете Украина во војна против Русија. Што не ги соберете нивните синови и ќерки и испратете ги на фронт под команда на Зеленски?!