[Видео] За Анѓушев домаќинствата беа виновни додека увезувал канцерогено масло

Вчера ИРЛ објави истражување за увозот на опасно масло, кое е забрането да се користи во ЕУ. Вo објавената сторија, како главен посредник кој го овозможил ваквиот увоз е посочен поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. На средба во Владата, Анѓушев бил посредник помеѓу босанската фирма „Хифа Оил” и кичевската фирма „Евротим”.

Се работи за масло кое во Европа се води како “опасно масло”, додека во Македонија преку царина влегувало како “масло за горење”, што не соодествува на неговата опасност. Дел од корисниците на ова масло е и фирмата „Брако” на Анѓушев. Ваквото масло е со драстично пониска цена поради неговите канцерогени карактеристики и неговата забрана за користење на Европа, поради што не може да се продаде на европскиот пазар. Дел од фирмите кои тргувале со ова масло е и поранешниот функционер од ВМРО-ДПМНЕ, Ратко Капушевски, кој за време на владеењето на СДСМ добил дозвола за увоз на мазут. Како што објави ИРЛ, фирмата „РКМ” на Капушевски при увозот на ваквиот мазут користела различни тарифни броеви, со цел да се затскрие опасноста на ова гориво.

Во 2017 година, Анѓушев тврдеше дека главен извор на загадување се домаќинствата, а не индустријата.

Изворите на загадување се детектирани. Првиот извор за загадување е загревањето во текот на зимските месеци, потоа автомобилите, а, пак, третиот е индустријата. Единствен начин за решавање е замена на горивата. Секаде каде што има горива кои предизвикуваат загадување, да се сменат. Гасификацијата треба да се реши. Ако зборуваме за градот Скопје, треба да почне од надворешниот дел кон Центар.

Вториот извор на загадување се автомобилите, а најштетен момент беше увезувањето на постарите автомобили што го донесоа овој проблем. Подобро е да најдеме начин како да ги субвенционираме автомобилите што работат на гас и на електрична енергија.” – изјави тогаш Анѓушев.