Смилев: Огревното дрва станува недостапно за сиромашните

Координаторот на Левица – Зелен сектор и активист во организацијата „Грин палер“ во интервју за радио „Лидер“ зборуваше за кризата која ни претстои наредната грејна сезона, за која како што вели тој е наметната.

Смилев сподели дека покачувањето на цените на грејното дрво оваа сезона е најмалку 20%, додека палетите поскапуваат за 50%. Според него, со ова покачување, дрвото како енергенс станува недостапно за граѓаните.

Дрвото инаку, е најупотребуваниот енергенс во Македонија што го ползуваат околу 71% од граѓаните и со новите цени станува се потешко достапен, особено за најсиромашните слоеви.

Еко-активистот сподели дека во Македонија дивата сеча е процес со кој државата не се справува, туку напротив, со неспротивставувањето го поддржува истото.

Според истражување извршено во 2020 година од страна на Центарот за евростратегии ЕВРОТИНК насловено како „Пустошење на нашата иднина „ вкупниот број штети предзивикани од дивата сеча изнесува неверојатни 245.118 м3 дрвна маса. Тоа во превод значи дека држава со организирани институции нем , има само држава со организиран криминал и организирана бесправна или дива сеча.

Тој ги критикуваше државните институции, за кои кажа дека се лошо координирани, ниско платени и немаат ниту потребни ресурси ниту политичка волја да се справат со овој проблем.

Институциите се слаби, кревки, корумпирани, некоординирани и слабо платени, без доволен број теренски возила кои најчесто немаат пари за гориво или се техички неисправни. Да не спомнуваме за немањето дронови или интернет пристап кој спаѓа и во доменот на научна фантастика, а кои се нужни за рано откривање на пожари во текот на летниот период или на мапирање на нелегални сечи во текот на есенскиот период.

На крај, Смилев заклучи дека проблемот не се крие само во нефункционалноста на системот и констатираше слабости во актуелниот Закон за шуми“.

Законот за шуми недоволно ја третира оваа проблематика па шумочуварската служба или Шумската полиција мака мачат да утврдат дали треба да поденсат прекршочна или кривична пријава што севкупно влијае на очајната состојба со вкупната нелегална екслоатирана дрвна маса.