Фати врска за театар без врска

  • Пишува: Кирил Трајковски – Член на Левица – Сектор култура

Оддамна немам напишано текст во однос на оваа тема па бидејќи бев директно инволвиран би сакал да споделам едно лично искуство за тоа како стојат работите во Македонските театри!

Имено пред извесно време беше објавен конкурс во Гостиварскиот Театар каде беше наведено дека се отвора едно работно место за актер на определено време од 5 години. Иако си велев да не’ бидам пишман, на крај излегов.

Знаејќи како стојат работите, од пред неколку години кога се кандидирав, помислив да се пријавам, си велам можеби нешто се сменило. Но не  другари, не само што не се сменило туку работава е потоната и тоа не на дното, туку под дното.

Да тргнам со ред!!!

Трчам по документи, ги собирам, палам кола, ставам бензин, плаќам патарини и пристигнувам во Гостивар. Барам театар гуглам и наоѓам една градба каде со големи букви од едната страна  пишува име на теретана, а од другата страна аптека но никаде нема означен театар . Му вртам на типот за контакт да ми објасни каде е влезот, а тој да ти  бил збутан од внатре, по едно уличе и нормално прв впечаток – лоша локација за театар! – Ок се снајдов.

Влегувам внатре и затекнувам еден руиниран хол, пар седишта од двете страни, застанат голем часовник и лила кич боја, лошо бојадисани ѕидови. Прв прашалник во себе „Каде дојдов?“ – Вака ли треба да изгледа еден театар во 21 век. Си велам, поминав 70 километри за да поднесам документи, нема назад. Ме пречекува љубезен човек, ме внесува во една, па во друга просторија во која имаше само Албанци и ниту еден Македонец, си седнале си дремат као демек нешто работат.

Ги прегледавме документите со човекот и ги поднесов. Дојде денот за аудиција. Овој пат со колешка отидовме кон Гостиварскиот Театар и таа аплицирала. Попатно разговараме:

„Имаш врски?“ – Немам, а ти?, „Ниту јас!“

„Ајде може ќе биде регулар.“ – Како не бе!!!

Влагаме внатре гледаме непознати фаци искрено повеќе изгледаа на трговци од кванташки отколку на актери и театарски уметници, тотално за мене непознати лица, ајде велам млади нови актери.

Инаку од 2010 со дипломата од Натфиз си разговарам кога ќе ја мажиме, остарев, веќе ниеден театар не се кандиса да ја посврши. Нејсе да се вратиме на приказнава, го залепија списокот со редоследот на кандидатите.

Соодносот беше пола пола (Албанци и Македонци. )Мојот реден број беше 7, од 10 кандидати.

Влегувам внатре,  – Здраво,  – Добар ден!!

Ме отпоздравија многу ладно и отсечно ликови што искрено прв пат ги гледам, се качив на сцена се претставив и почнав со монологот на Стево од Диво месо па со песна, одлично без грешка ги направив двете.

Од „такозваната нонејм“ комисија никаква реакција, повторно отсечно, иронично фала. Знаев дека веќе е завршена работава, едноставно почуствував, бевме изиграни! Ми дојде внатрешна прашална мисла: – А кои сте вие мене да ме оценувате?

 Ајде сега еден по еден да ми се претставите како што е ред бидејќи не ве познавам и кој тоа вас ве инсталираше баш овде да прецените дали сум соодветен за овој театар. Ај да си ги смениме местата да видиме кој е кој и кој повеќе разбира театар? –  За секунда се воздржав и знаев дека е залудно да влагам у конфликт, излегов задоволен од мојата изведба.

Набрзо дознавам дека ние Македонските кандидати во подредена улога залудно сме го изгубиле и времето и парите (околу 70 евра вкупен трошок со се документи) бидејќи тој конкурс е наменет за вработување на Албанец и тоа веќе пикиран кој ќе биде. Многу едноставно нели?!

Сега веќе ми се потврди, сомнежот за комисијата во која имаше се, но мислам Македонец не! Оти таков не видов (ако грешам нека простат). Па добро бре, Зошто не напишавте дека конкурсот важи само за актери од албанска националност? –  Или требаше да пополниме место како жртвени јарци и да се исмејувате со нас, во своја држава како актери од втор ред.

Каква култура очекувате кога во старт не делите?  Ако порано имаше Глумчишта, сега сте  Глувчишта непознати и напикани по театарските дупки, со врски и препораки што клатат врата и земаат плата.

 Максимум две претстави годишно и тоа со неколку изведби. Од 365 дена работат 65. А платиче близу 40 илјади, машала и не е така лошо нели? – Колку прекрасн, каков блам!

Драги мои врски би сакал да ве прашам, како не ве јаде срамот од некои анонимуси што го јадат лебот на актери кои заслужуваат да работат, а има и што да покажат. Па сакате култура, уметност, полни сали аплаузи и успешни претстави. Е нема!Се додека театарот е со врска, ќе  биде без врска! За жал, оваа приказна е општо позната по сите театри во Македонија, сами проценете каков е репертоарот и какви се актерите па и креативноста на режисерите.

Јасно ми е дека не само во уметноста туку и во секоја друга институција е иста песна. Но,  ќе дојде ден кога ние ќе свириме, а вие ќе го играте орото, обратно од часовникот, баш како што се игра за да ве вратиме во времето и да видите како се правеше култура, можеби тогаш ќе ја научите лекцијата.

И уште нешто, 13-та година како чекам вработување во театар. Иако сум од Скопје кај што ми е местото да работам,  се згнав до Гостивар, но видов само реприза од претходните конкурси. Сум конкурирал многупати, но никогаш со врски така и ќе продолжам и верувам ќе се сменат нештата, кога ќе се цени квалитетот, а не која врска е посилна. Драга комисијо, не заборавајте – врските културата не ја прават туку ја дават!