Инспекциските служби но и локалната и централната власт во заштита на загадувачите и капитализмот

  • Реакција на ЛО Левица Делчево

Фирмата загадувач за која Левица Делчево пишуваше уште во Јануари и на која од солидарна сметка на Општината и беа исплатени 322313 денари секоја година продолжува со уништувањето на животинскиот свет во реката Брегалница.

По реакција на спортски риболовци, екологисти но и други совесни граѓани добивме вознемирувачки фотографии од помор на риби во реката но и револт поради тоа што никој во општината но и од инспекциските служби воопшто не превзема НИШТО во врска со ова повеќегодишно беззаконие.

Левица-Делчево и членот на советот Тони Стаменковски ќе поднесат барање до инспекциските служби во општината но и до државниот инспектор за Животна средина за итен инспекциски надзор, но исто така да достават и извештај од направениот увид – ПИСМЕНО.

Ваквото самоволие, беззаконие но и нереагирањето на инспекциските служби и одговорните лица еднаш засекогаш МОРА да престане.