Шолц во само две изјави ја избугари работата и го разобличи лицемерието на ЕУ

Традицијата на изјавување и одрекување на сопствените изјави е позната во македонската политичка култура која прерасната во традиција на однесување кај домашните политичари. Но, наместо нашите политичари да учат од политичарите од развиенит земји, нешто тргна наопаку, па тие почнаа да учат од нас.

Ваков пример се изјавите на германскиот Канцелар Олаф Шолц, кој даде две целосно спротивни изјави во период од само неколку часа, поврзани со интеграцијата на Македонија во ЕУ, за што јавноста доби впечаток дека се избугари работата и уште еднаш го почуствува лицемерието на Унијата.

По средбата во Македонија, државно финансираниот портал „Дојче веле“ пренесе вест со наслов: „Шолц: Северна Македонија ги исполнува условите за ЕУ како ниедна друга земја“ во кој се создаваше впечаток за наводната поддршка на Германија во процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија.

За македонскиот напредок во евро-интеграциите, меѓу другото Шолц изјави:

„Затоа ја поддржувам загриженоста на Северна Македонија, затоа што ги исполнува условите како ниедна друга земја. Албанија и Северна Македонија се сега подготвени да продолжат натаму.“

Само неколку часа од оваа изјава, германскиот Канцелар даде дијаметрално спротивна изјава. На бугарскиот портал bgnews.bg кој ја пренесе заедничката прес-конференцијата на бугарскиот премиер Кирил Петков и Канцеларот Олаф Шолц во прв ред беше цитиран делот во кој Шолц вели дека Македонија ги нема исполнето условите за отпочнување на преговорите со ЕУ и дека уште многу треба да работи.

„Силно го поддржувам почетокот на преговорите со Република Северна Македонија и Албанија. PCM мора да ги исполнува сите услови. Вреди да се вложи секој труд за да се постигне резултат.“

По ваквата изјава на Шолц, Петков не заборави да го нагласи внесувањето на Бугарите во Уставот на РМ, како главно барање.

„Да се ​​обезбеди вклучување на Бугарите во уставот на Република Северна Македонија и да се почитува договорот. Мора да има европски гаранции за ова да се случи“, рече премиерот Петков.

Ова барање од СДСМ го прифати целосно без никаков проблем, додека ВМРО-ДПМНЕ, како што најавија Потпретседателот Муцунски и Претседателот Мицкоски го прифаќаат, но заради глумењето опозиција мора да релативизираат во јавноста.