За предизборни поени СДСМ спремна да ги жртвуваат и децата

  • Реакција на Левица – ЛО Карпош

Викендов во детската градинка ‘‘Мајски Цвет’’ во Општина Карпош се срушила таванската конструкција. За среќа во овој немил настан немало повредени, благодарение на тоа што градинката не работи за викенд.

Реконструкцијата на оваа градинка се случи минатата година, во пресрет на локалните избори. Очигледно реконструкцијата на градинката била неквалитетна и наменета само за маркетинг политиката на Стефан Богоев и СДСМ, додека вистинска санација на градинката и немало.

Во меѓувреме, откако СДСМ убедливо загуби на локалните избори, централната власт која е под раководство на оваа анти-македонска партија, избегнува да инвестира во општините каде они се во опозиција.

Целта е јасна, а тоа е да ја прикажат неспособноста на другите партии, повторно, ставајќи ги сопствените, профитерски интереси пред оние на жителите. Конкретно, со овој немил настан се укажува на деструктивната политика на СДСМ каде со ваквиот пристап ги доведуваат во прашање детските животи.

ЛО Левица Карпош остро ги осудува ваквите валкани политики и пракси на СДСМ и апелираме веднаш да запре со оваа штетна политика која ја спроведува Владата преку ресорните министерство.

Животот и здравјето на жителите треба да бидат приоритет во политиките на централните и локалните власти, а очигледно истите со вавиот пристап се загрозени.