Промоција на романот “Писма од лудница” од Срѓан Ивановиќ

На 29 септември (петок) со почеток од 19 часот во Literatura.mk (1-спрат) во Ист гејт, ќе се одржи промоција на романот “Писма од лудница” од Срѓан Ивановиќ.

“Писма од лудница” е загадочен политички трилер за уделот на агентите на УДБА во сочувување, односно во уривањето на југословенската заедница на народите и крвавиот раскол на идеологијата позната како “братство и единство”.