Египет е под голем притисок на САД, поради членството во БРИКС

Отворајќи ја вратата за нови членки, БРИКС ( Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) – група на економии во развој, се приближува кон својата цел, да има посилен збор во обликувањето на меѓународниот поредок и да дејствува како противтежа на западното влијание.

Неодамна Блокот ги покани Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Етиопија, Иран и Аргентина да се приклучат. Поздравувајќи ја поканата, претседателот на Египет, Абдел-Фатах Ал-Сиси рече: „Ја цениме довербата што ни ја дадоа сите земји-членки на блокот, со кои споделуваме цврсти врски и со нетрпение очекуваме плодна соработка со нив во наредниот период, како и со другите поканети земји“.

Членството ќе стапи на сила почнувајќи од 1 јануари 2024 година.

Професорот по политички науки Тарек Фахми вели дека членството во БРИКС ќе отвори можности за Египет и на политички и на економски фронт. Иако проширениот БРИКС нема да го промени светскиот монетарен поредок или да воспостави мултиполарен свет преку ноќ, со приклучувањето „Египет резервира однапред место во стратегискиот, економскиот и безбедносниот поредок на светот, благодарение на неговата надворешна политика и претседателската дипломатија“.

Изборот на Египет да биде меѓу првата транша од проширената групација сигнализира дека членовите на БРИКС ја ценат улогата на Египет, тврди Фахми, истовремено нагласувајќи ја позицијата на Египет во мултиполарен свет што се појавува.

После ова, прашање на време беше одговорот од Америка. 

Соединетите Држави одлучија да го казнат Египет поради наводното непочитување на нормите за човекови права. Треба да се напомене дека темата човекови права традиционално се користи од страна на САД за да се изврши притисок врз Египет како и на многу други земји во регионот.

Волстрит журнал објави  дека Вашингтон ќе ја пренасочи воената помош од 85 милиони долари, претходно ветена на Египет, на Тајван и Либан. А некои американски законодавци инсистираат на одземање на Египет уште 235 милиони долари помош од вкупно 1,3 милијарди долари годишно.

Исто така и минатата година, САД задржаа 130 милиони долари за Каиро. Официјалната причина беше иста – кршење на човековите права.

Експерти забележуваат дека САД вршат притисок и врз Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд да не му даваат на Египет нови транши од заеми додека тој не почне да и помага на Украина и јавно не се изјасни против Русија.

Притисокот на САД врз египетската влада отсекогаш бил поврзан со обиди за прекин на египетско-руските врски и се очекува тој да продолжи и во иднина.