Каков мо*ко треба да си за да сметаш дека ќе ги вратиш Македонците со тоа што ќе ги запишеш во лична карта!

Професорката Билјана Ванковска со силна критика кон лидерот на опозицијата – Мицкоски во однос на неговиот став дека го поддржува внесувањето етничка графа во лична карта по барање на Беса и Алијанса. Таа во својот статус алудираше на ставот на Павле Богоевски, кој изнесе став дека воведувањето етничка графа во лични карти „ќе е едно од многуте малку места, каде ќе може да се запишеме само како Македонци, без никаква придавка или додавка.”


„Каков мо*ко треба да си за да сметаш дека ќе ги вратиш Македонците со тоа што ќе ги запишеш во лична карта!?! А притоа да немаш cojones да го идентификуваш проблемот и да го отстраниш!

И така лидерот на опозицијата станува ист ко оној Павле шарениот. Тој повеќе се грижи за идниот коалициски потенцијал (за да направи влада) одошто што умее да ја види погубноста на овој чин. Што да кажам освен дека станува збор за здружен злосторнички потфат во кој заедно ќе бидат убиени и изгледите за демократска држава и она малку што остана од Македонците. Толку ли се кусогледи или само себични?”