Наместо на Суд – Османи на службена „прошетка“ во Прага

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) поднесе тужба против Османи откако шефот на дипломатијата во октомври минатата година за бугарската телевизија БТВ изјави дека треба да се провери кој стои зад отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград поради чувствителноста на билатералните односи и да се види дали навистина има добронамерност или е дел од туѓа агенда.

ММДЧП, како што тогаш наведуваа медиумите, го тужи министерот бидејќи ја посочил организацијата како еден од финансиерите на отворањето на клубот во Благоевград наведувајќи дека станува збор за фондација која е антиамерикански, анти-НАТО и анти-ЕУ ориентирана, што е спротивно на интересите на македонските граѓани и на македонската заедница во Бугарија. Османи, според ММДЧП, ги изнел тврдењата на прес-конференција на 11 ноември 2022 година.

Судот го прифати барањето на одбраната на министерот за одложување на рочиштето, кое беше доставено со образложение дека тој е на службен пат во Чешка.


Авокатот Трајче Торов, пак, кој во предметот ги застапува Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и неговиот претседател Бил Николов, забележа дека судењето се одолговлекува, а кон барањето за одложување на денешното рочиште не биле поднесени докази за за оправдано отсуство на министерот.


Министерот за надворешни работи Бујар Османи ниту денеска не се појави во Граѓанскиот суд каде што требаше да даде исказ по однос на тужбата за навреда и клевета која против него во јануари годинава ја поднесе Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и неговиот претседател Бил Николов.

Судот го прифати барањето на одбраната на Османи за одложување на рочиштето поради отсуство на министерот. Османи, како што наведе неговиот адвокат Љупчо Илиев, не е во можност да присуствува на денешното судење поради учество на Форумот на економска и еколошка димензија на ОБСЕ што од вчера се одржува во Прага.