Се примаат доктори со понизок просек, прворангирани остануваат без работа

На социјалните мрежи деновиве актуелни се објави за недостатоци во здравствениот систем, како што ескалира кризата со крона-вирусот. Очигледно во недостиг на соодветна реакција од институциите, граѓаните со јавно експонирање се трудат да ги посочат сите аномалии на здравствениот систем, кој особено овој период експлицитно ги покажа своите слабости.

Извесен Бодан Ѓоровски на својот профил објави документи како неговата сопруга, како прворангирана со просек 9.48 била одбиена, а на нејзиното место биле примени второ и шесторангираниот.


„Другари,сакам покрај тоа што веќе правно ја потегнавме целата ситуација да ја објавам и на ФБ за да ја видите реалноста во здравството наше и да видите каков кадар се пропушта а каков се прима во доба кога короната убива секојдневно.

Имено на 27.10 се поднесени документи за вработување во здравствена установа Железничар. Сопругата без партија позади себе самоуверена во сопствениот квалитет и резултат се пријави на конкурсот за работа.По пријавувањето следуваше стручно тестирање и англиски јазик по кој е објавена конечна ранг листа на која има просек од факултет и поени од испиот.После објавувањето на ранг листата на која Ана Спасовска Ѓорговска е ПРВА на список потпишан од трочлена комисија,двајца доктори и правник следува интервју со Маријана Даниќ за да ги запознае кандидатите.По тоа интервју директорката Маријана Даниќ денеска ја објавува конечната одлука каде се примени 2 општи докторки кои на ранг листата се ВТОРО И ШЕСТО МЕСТО.

Резултатите од испитот и од просекот кој е 9.48 се исфрлаат и се примаат лица со далеку послаб успех кои утре треба да ги лечат граѓаните. АНА СПАСОВСКА ЃОРГОВСКА КАДАР ЗАВРШЕН НА УНИВЕРЗИТЕТ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ СО ПРОСЕК 9.48 И ПРВА НА РАНГ ЛИСТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Е ПОТИСНАТА ОД ЛИЦА КОИ СЕ СО ДАЛЕКУ ПОСЛАБ РЕЗУЛТАТ ПО ПРОСЕК И НА СТРУЧНОТО ТЕСТИРАЊЕ ЗА ВЛЕЗ НА РАБОТНОТО МЕСТО. “

Другари,сакам покрај тоа што веќе правно ја потегнавме целата ситуација да ја објавам и на ФБ за да ја видите реалноста…

Posted by Бодан Ѓорговски on Wednesday, 18 November 2020