Захарова: НАТО е директен соучесник во крвавите злосторства на режимот во Киев

  • Од брифингот на официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русиjа Мариjа Захарова за актуелни надворешнополитички прашања (5 август 2023 година)

Постојано ја покренавме темата на употреба на муниција произведена од НАТО од страна на Вооружените сили на Украина, вклучително и муниција од касетниот тип, при изведување напади врз цивилни цели во зоната на специјалната воена операција. Како резултат на овие напади со ракетни системи за повеќекратно лансирање Ml42 HIMARS со користење на ракети М-31, со француско-британски авијациски ракети Storm Shadow, со хаубици М-777 и Archer, често загинаат цивили, наши сонародници. Меѓу нив има деца и постари лица.

Денес би сакала да покажам фрагменти од муниција на НАТО добиени од Министерството за одбрана на Русија. Овие застрашувачки „разгледници“ се за оние во земјите од ЕУ и НАТО кои веруваат дека нивните даноци или дури и доброволни донации служат за мирот. Погледнете. Ова муниција има крв на деца и цивили.

Ова муниција е купена, произведена и транспортирана со пари на жителите на земјите од Европската унија, што секојдневно говори за мирот и смета дека тој е важен. Дали ваков мир е спонзориран од Европската унија?
Нагласуваме: раководството на земјите од НАТО е директен соучесник во крвавите злосторства на режимот во Киев врз цивилите.

И покрај јавно нагласена од НАТО „модерноста“ на оружјето испорачано до Вооружените сили на Украина, тие продолжуваат да гранатираат цивилни цели, буквално да „донесуваат смрт на деца“, како што беше случајот со ракети Storm Shadow што паднаа врз детски камп во Херсонската област на 9 јуни.

Земјите од НАТО се рамнодушни кон судбината на луѓето кои страдаат од секојдневното гранатирање од страна на украинските вооружени сили. „Колективниот Запад“, со помош на неговите киевски марионети, продолжува да се потпира на ескалација.

Уште еднаш да ве потсетам дека руските агенции за спроведување на законот внимателно ги евидентираат сите злосторства на режимот во Киев. Сите сторители ќе бидат идентификувани и ќе одговараат согласно закон.