Кандидатката за член на судскиот совет Тања Чачарова Илиевска била донатор на владејачката партија

Судскиот совет е државен орган кој се грижи за независноста и професионалноста на судството, ги разгледува претставките на незадоволните граѓани, го контролира и определува судскиот буџет и најважно, избира и разрешува судии, претседатели на судови и поротници.

Кандидатот за член на судскиот совет,  Тања Чачарова Илиевска, била донатор на владејачката партија, односно, нејзиното име го има на неколку донаторски листи на СДСМ.

Од 2018 година па наваму, таа повеќекратно донирала пари на партијата. Во евиденцијата од 2018 година, стои дека на сметка на СДСМ уплатила пари во два наврати, во првата половина од годината 5540 денари, а во втората 7 500.

Во извештајот од предизборната кампања за коалицијата „Можеме“ која ја поддржувала и на социјалните мрежи, пишува дека донирала 5 600 денари а стои и подолу на листата со донација од 16 000 денари. Согласно извештајот за 2020 година, Чачарова Илиевска, донирала 17 200 денари.

Претходно Тања Чачарова Илиевска била советничка на премиерот Зоран Заев во комисијата за избори и именувања.

Ова е само еден илустративен пример за тоа како власта на СДС и ДУИ во целост ја партизираат државната служба од најниско до највисоко ниво, преку што потоа таа структура ја користат за корупција и заташкување на криминал преку институциите.