Апасиев: СДС, ДУИ и ДПМНЕ заеднички ги намалуваат казните и роковите за застаренос

„Намалувањето на казните и роковите за застареност е ДИЛ помеѓу СДС+ДУИ+ДПМНЕ!“ – Напиша Апасиев на Фејсбук. Тој претходно соопшти дека Викторија Аврамовска Мандиќ, против која има поднесено кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, е предложена да ги брани измени на Кривичниот законик во кој се намалуваат казните за најтешките облици на криминал.

Денес, вицепремиерот од ДУИ – Артан Груби соопшти дека предлог измените во Кривичниот законик се ексклузивно барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Меѓувремено пратеничката група на ДПМНЕ, направи кворум на комисијата која требаше да расправа по овој предлог закон.