Цуцуловски: Основното образование беше многу посредено во првата половина од ’50-те години од минатиот век

  • Фејсбук статус на професор Љубомир Цуцуловски

СРАМОТА. Со денови наназад јавноста бомбастично е бомбардирана со информацијата дека школската година ќе почнела навреме, како (во најмала рака) Владата да лансира интергалактички брод во вселената, чија мисија има светскоисториско значење.

Па како треба да почне школската година, кога сме на крајот од првиот квартал на XXI век, ако не навреме? Тоа ли се смета за успех, наместо отворено да се каже дека основното образование беше многу посредено во првата половина од ’50-те години од минатиот век?

Тоа беа само нецели десет години од втемелувањето на новата современа македонска држава, кога сè започна од нула и кога се држеше настава на македонски јазик дури и во Пиринска Македонија, Бугарија. Сепак, тоа не беше причина да не се започне навреме, со македонски буквар и читанка, со запознавање на македонската историја и традиција.