Левица: Власта ја саботира работата на “Колска” – вработените на протест

  • Реакција на политичката партија Левица

Неизвесноста за иднината на фабриката за шински возила “Колска” ги натера работниците да излезат на протест пред зградата на владата!

Левица безусловно ги подржува работниците на “Колска” во остварување на своите права и ја повикува Владата во најкус рок да ја одблокира сметката и обезбеди услови за работа на оваа фабрика!

Сметката на “Колска” е блокирана додека Владата молчи пред вработените и не презема никакви дејствија за деблокада на сметката.

Молкот на Владата ги држи во неизвесност 74 вработени кои незнаат дали фабриката ќе продолжи со работа или ќе се затвори. Доколку фабриката се затвори сите вработени ќе останат на улица!

Владата намерно и наменски ги саботира јавните претпријатија за преку лични зделки да ги приватизира, не осврнувајќи се на работниците од тие претпријатија.