Владата незаконски го назначила Фератов за директор на просветниот инспекторат

Целосната доминација на ДУИ во власта се потврдува и со најновиот скандал, каде Владата незаконски го назначила Халит Фератов од ДУИ за директор на Државниот просветен инспекторат.

Фератов доаѓа од Општина Чашка, каде власта насилнички се обидуваше да воведе албанска паралелка, спротивно на законски предвидените критериуми. Токму Инспекторат во заложништво на ДУИ, констатира дека училиштето во Чашка било потребно да го промени статутот, затоа што не се исполнети законските критериуми за албанска паралелка!

Ова скандалозно назначување е по препорака на владината Комисија за именување, чиј претседател е Бојан Маричиќ, а членови во истата се: Артан Груби, Фатмир Бесими, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски и Насер Нуредини, Антикорупциска комисија утврдила дека Фератов не ги исполнува со закон утврдените услови за вршење на таа должност, а исто така има констатирано дека должноста ја извршува несовесно. Поради ова, од страна на ДКСК ќе биде поднесена Иницијатива за утврдување на одговорност за в.д директорот и за Комисијата за именување на Владата.

Ако се земе предвид дека претседателот на комисијата за именување, Бојан Маричиќ, во исто време, додека предлага незаконски именувања на директори е и вицепремиер за европски прашања, станува јасно колкаво е лицемерието на СДС додека зборува за европски вредности и ветува европска иднина!

Јасна е тенденцијата на СДС, која е целосна вазална на амнестираната ДУИ во спроведувањето на нејзините политики за бинационална држава. Просветниот инспекторат е целосно окупиран од ДУИ и затоа немаше никаква реакција од оваа институција при незаконските обиди за воведување албански паралелки во Општина Гази Баба и Општина Чашка.

Мора да има одговорност за членовите на Комисијата за именување, разрешување на Фератов и преиспитување на сите решенија донесени од страна на Државниот просветен инспекторат за периодот во кој истиот бил управуван од незаконски назначениот в.д директор. Воедно, апелираме до амнестираната ДУИ наместо системски да шири сегрегација и меѓуетничка омраза, да го реши проблемот со масовното иселување во општините со кои раководи – затоа што после две децениското криминално владеење, набрзо нема да останат деца ниту за македонски, ниту за албански паралелки.