Храбро извојувана битка на нашите текстилни работнички

Меѓународниот ден на жената – 8 март, се чествува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан на овој датум далечната 1857 година.

Оттогаш наваму, во целост се променети светогледите за правата на жените на глобално ниво со акцент на родовата еднаквост, репродуктивните права и борбата за економска, политичка и социјална еднаквост на жените во општеството како целина.

Овогодинешното одбележување на празникот 8 март несомнено има најголемо значење кај седумдесетината жени – работнички од кавадаречката конфекција “ Сони “..

Имено, до нашите редови утринава пристигна допис дека Апелациониот Суд Скопје ја има укинато пресудата на Основниот Суд Кавадарци и се очекува нова судска постапка !

За потсетување, покрај неколкуте неисплатени месечни надоместоци од страна на компанијата, вработените згора на тоа беа принудени и да плаќаат судски и адвокатски трошоци во висина од неколку десетици илјади евра !

Оваа храбро извојувана битка на нашите сограѓанки доаѓа во прав момент и претставува вистински симбол и доказ дека одлучноста и истрајноста против експлоататорите на работничкиот труд секогаш вродува со плод !

Левица како единствена политичка партија којашто ги застапува правата на работниците и е секојдневен поборник за истите, со физичко присуство ги поддржа минатогодишните протести организирани од страна на вработените и нивните застапници !

Честит 8 март!