Левица: Машиновозачите не се плашат од заканите за откази од Демири

  • Реакција на Левица – Трудов Сектор

Машиновозачите на Македонски железници повторно се во бојкот, втор пат ова лето, борејќи се за исплата на вториот дел од јулската плата и зголемување на коефициентите. Од друга страна, раководството на Македонски Железници подготвило список со имиња кои би биле СУСПЕНДИРАНИ од своите работни места поради бојкотот кој трае веќе неколку дена!

Според менаџерскиот тим на МЖ, бојкотот не е оправдан бидејќи не бил организиран согласно ЗРО и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и го организирале машиновозачите поради лична корист. Менаџментот на МЖ наместо да има „слух” за барањата на машиновозачите, на дел од нив им спрема отказни решенија, но вработените се решени да одат до крајната цел, а тоа е остварување на нивните права. Ако се случи тоа сценарио, претседателот на Синдикатот на машиновозачите најави дека ќе се пристапи кон барање колективна оставка на целиот менаџерски тим во МЖ.

Ситуацијата предизвикува незадоволство не само меѓу вработените, туку и меѓу граѓаните и влијае врз македонската економија. Граѓаните се соочени со ограничувања во железничкиот транспорт, а и така кревката македонска економија трпи поради неуспешното менаџирање на компанијата.

Бојкотот, кој е предизвикан од неисполнувањето на обврските од страна на директорот ЗУЉХАЈРАТ ДЕМИРИ, како и редовна исплата на плата и зголемување на коефициентите, предизвикува незадоволство кај вработените, што го доведува во прашање нормалното функционирање на компанијата и неговата репутација.

Левица дава целосна поддршка на работниците, кои барајќи подобри услови за работа, се под ризик на своите работни места!