Претседателот Бајден пречекан на Хаваи со псовки

После две недели Претседателот на САД Бајден, ги удостои жителите на Хаваи да го обиколи островот и да им даде морална поддршка за жртвите од пожарот, раскажувајќи им сентиментална приказна за неговата „речиси изгорена“ мачка.

Жителите топло го пречекаа со транспаренти и псовки „Благодарам за ништо, Бајден“ и „ Е.. се Бајден“.

Додека САД одвојуваат стотици милиони долари секоја недела за Украина, што повеќето Американци не можат да ја најдат на мапа, администрацијата на Бајден одлучи да даде 700 долари на секое домаќинство погодено од катастрофата на островот уништен од пожар. Значи не по лице, како што беше претходно ветено, туку на секое семејство ќе му бидат исплатени по 700 долари. 

„Украина, која има 43,79 милиони жители, доби 75 милијарди, значи 1.712.719 долари по жител, а Хаваи дури 700 долари по семејство.

Инаку, за време на посетата на Хаваите, Бајден ја спореди трагедијата што ги снајде тие острови со моментот кога удар на гром за малку ќе ја убиеше неговата мачка.

„Не сакам да ги споредувам тешкотиите, но, Џил и јас знаеме како е да се изгуби домот“, им рече претседателот Бајден на насобраните мештани.

Тој раскажаше како гром удрил во езерце во близина на нивниот дом во Вилмингтон, како удрил во жица и влегол во нивната резиденција преку воздух.

„Накратко, за малку ќе ја изгубев сопругата, корветата од 67 година и мачката“, рече Бајден со насмевка.

И додека Бајден раскажува приказни, богатите инвеститори и хотелиери забрзано ја откупуваат опожарената земја од староседелците по багателни цени. Инаку недвижнините во Хаваи се едни од највисоките во САД.