Пожарот на Хаваи – страдање за староседелците, радост за американските инвеститори

Една стара поговорка вели – додека на еден не му се стемни на друг нема да му се раздени. Ова се случува на хавајскиот остров Мауи каде градот Лахаина изгоре до темел.

Во шумските пожари на хавајскиот остров Мауи, најлошите што се случија во САД во последните 100 години, најмалку 99 луѓе загинаа, додека медиумите јавуваат дека бројот ќе биде многу поголем бидејќи повеќе од 1.000 луѓе се уште се водат за исчезнати.

Градот Лахаина, каде што речиси сите згради и околу 2.100 хектари околното земјиште изгореа за време на пожарот, е од големо историско значење за хавајската култура, а пред главниот град да биде преместен во Хонолулу во 1845 година, служел како седиште на кралските семејства. Лахаина, исто така, има значително домородно население (10,5 проценти од пописот во 2022 година, во споредба со 8,4 проценти во Хонолулу).

Пожарите во Лахаина го влошија проблемот со кој жителите на областа се справуваат подолго време. Инвеститорите и хотелиерите сакаат да профитираат од атрактивната туристичка локација на одморалиштето и евтино да ја откупат земјата.

Според „Њујорк тајмс“, Хаваи има највисоки цени на недвижностите во САД, а цените во Лахаина се меѓу највисоките на Хаваите.

Староседелците се загрижени од големите инвеститори кои „јагленестото земјиште го гледаат како можност за реконструкција“ каде ќе изградат хотели и станови за изнајмување „во кои не можеме да си дозволиме да живееме.“

Голем проблем за жителите е тоа што тие не биле обврзани да имаат осигурување, па на неосигурените сопственици на куќи, кои изгубиле се во пожарите, им остануваат малку опции, пишува Вашингтон пост.

Агенцијата Асошиетед прес истакнува дека тоа би можело да поттикне егзодус на домородци кои повеќе не можат да си дозволат да живеат во својата татковина, што е главен проблем што долго време ги мачи Хаваите.

„Kako’o Haleakala“ е организација посветена на зачувување на родната земја и домородните видови на Хаваи, предупреди дека инвеститорите веќе почнале да контактираат со семејствата чии домови изгореле во пожар со понуди за купување на земјиштето, предупредување што го сподели холивудскиот актер Џејсон Момоа, роден Хавајец, на неговата страница на Инстаграм.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден претрпе бројни критики за нејзиниот неадекватен одговор на кризата. Поранешниот конгресмен Рон Пол го обвини Бајден дека фрла пари во „загубената војна“ во Украина додека Хаваите ги горат пламенот, а Њујорк Тајмс и други пишуваа дека владината помош во форма на храна, вода и засолниште често била премногу бавна.

Иако точната причина останува непозната, многумина тврдат дека постоеле „совршени услови“ за пожарот пред да се случи – имено, комбинација од суви периоди, високи температури и поминување на ураганот Дора – дополнително доведувајќи го во прашање бавниот одговор на властите.

Повикувајќи се на податоци од американската шумска служба, 85 отсто од пожарите се предизвикани од луѓе.