Даревица исчистена, Даревица пак ќе живее

  • Фејсбук статус на Давид Златанов

После безуспешните повици до градоначалникот и општината, денес самоиницијативно се собравме за да ја спасиме ,,Даревица’’ од пропаѓање во тропската шума која е создадена по заслуга на негрижата од страна на општината.

Ова е само почеток на нашата иницијатива за ,,Даревица’’, сакаме истата да ја претвориме во уредено катче кое ќе сведочи за нашата долгодишна историја. Клупи, дружби, искосен и убаво среден простор е нашата визија за ,,Даревица’’, ја повикуваме дијаспората и сите кои сакаат да го финасира оживувањето на овој симбол на нашето Колешино. Од општината не бараме помош, затоа што се прават глуви и слепи за нашите проблеми.

Само сложно и обединето можеме да го подигнеме Колешино на нивото кое го заслужува. Секоја помош е добредојдена, ја чекаме вашата акција!

П.С. Слика 4: Еден од најстарите борци за Даревица да биде уредено и убаво место,прв се приклучи на нашата иницијатива, ни ја објасни историјата на борбата за ова да биде место симбол на Колешино, ни даде мотивација оваа место да го заживееме за да не се заборави кој сме и што сме.