АктуелноЛокално

Најпрофитабилните компании ќе избегнат оданочување на екстра профитите

  • Реакција на Левица – Сектор финансии

Законот за данок на солидарност или данок на екстра профит, повторно се најде во собраниска процедура, овој пат со европско знаме. Со овој предлог закон, власта предвидува дека во буџетот ќе се слеат 76,5 милиони евра. Левица реагираше дека покрај тоа што е еднократен и задоцнет, овој закон нема доволно да ги оданочи најпрофитабилните.

Иако обврската за плаќање на овој вид на данок предвидена е за трговските друштва кои во 2022 година оствариле вкупен приход повисок од 10 милиони евра и профит повисок за 20 отсто од просечниот остварен во претходните години, власта им нуди многу олеснувања. На обврзниците им е дозволено да го земат најповолниот претходен период, вклучувајќи ја и 2017 година, а просекот со кој се споредува 2022 година, зголемен е за 20%, со што многу се намалува разликата во даночните основи, а со тоа и данокот на екстра профит.

Законски е овоможено при статусни промени просечниот износ на даночната основа да се зголеми за 30% и да се земе предвид даночната основа од друштвото што се присоединува, како што е случајот со Шпаркасе и Охридска банка. Најпрофитабилните компании ги фризираа своите завршни сметки и голем дел од нив прикажаа помали добивки, за да го избегнат или да го намалат овој данок.

Џонсон Мети, САСА, Македонски Телеком и банките се само дел од најпрофитабилните компании кои нема да платат данок на екстра профит. Недостатоците на ова задоцнето и еднократно законско решение, ќа паднат повторно на товар на најсиромашните и нема да се остварат посакуваните цели. Во буџетот ќе се слеат минимални средства, а владата ќе продолжи да нè задолжува со сè поскапи кредити, кои ја водат Македонија во должничко ропство.

Левица во својата програма се залага за прогресивно оданочување, како трајно решение, кое се применува во развиените европски држави и кое нема да може да го избенат најпрофитабилните со нивните сметководствени вештини и законски недоречености. Буџетот треба да се полни од најбогатите, а рамниот данок треба засекогаш да заврши во историјата.