Крмов: Народот сака национализација на ЕВН – Што ќе преземе премиерот?

  • Пратеничко прашање до Премиерот, на пратеникот од Левица Борислав Крмов:

,,Продажбата на ЕСМ е оној бонбона бизнис на Шеќеринска, кога ЕСМ заедно со целата дистрибутивна мрежа, вклучително и 11 хидроцентрали, беше продадена на ЕВН за 225 милиони евра, од кои им имаме иницијално вратено 22.5 милиони евра – што значи дека за продажбата сме инкасирале само 200 милиони евра.

Продажбата на ЕСМ е всушност меѓупартиски договор на СДС и ЛДП и за оваа инстанца се вели дека поминала до прегратки и аплаузи и каде се разговарало за подготовка на населението за оваа продажба. Сите национални предавства и економски разорувања се случуваат на овој начин, со гушкање и аплаузи.

За помалку од 10 години ЕВН ќе си ги врати парите. Ние зборуваме за компанија која нема редовни финансиски извештаи, додека договорот е и понатаму таен. Според поранешен министер за финансии грубо е прекршен договорот за купопродажба, бидејќи ЕВН во првите години требала да инвестира 96 милиони евра, од кои инвестирале само 23.9 милиони евра. Во 2011 година помеѓу ЕЛЕМ и ЕВН се случува спогодба откако ЕВН одбива да го плати долгот кон ЕЛЕМ од 105 милиони евра. Ние продолжуваме да ја толерираме оваа компанија.

Од друга страна, граѓаните плаќаат сѐ – приклучоци на бандери, и кабли и сите пропратни работи. За имотот кој го плаќаат граѓаните, ЕВН го впишува како инвестиција – и додека ги диктираат цените, не одговараат!

Моето прашањето до Премиерот е: дали планирате нешто да преземете за очигледното криминално дејствување на ЕВН?’’