Јанески: Наместо да намалат од министрите – тие намалуваат од студентите

  • Пишува: Марио Јанески – претседател на Црвена Младина

Како млад човек пред се, студент до скоро, и некој кој го засегаа квалитетот на живот во Македонија, чувствувам одговорност да се обратам по повод најавените измени во законот за студентски оброк.

Најпрво, за оние кои не знаат, кратка увертира за историјата на мерката – студентски субвенциониран оброк. Помпезно беше најавена во предизборите во 2020 година од тогашната Влада како рефрома заедно и со двојното зголемување на стипендиите кое никогаш не беше изедначено.
Кога велевме дека тоа е легален предизборен поткуп, добивавме критики.

Две години подоцна, во голема криза, од сите можни мерки за рационализација Владата одлучи тоа да биде врз грбот на студентите со што од досегашните 40.000 студенти што земаа студентски оброк, оваа бројка со новите измени би се намалила драстично, речиси за некои 80-90%. Значи си направија поткуп во предизборите, па сега ги укинуваат мерките.

Иако во законот стои зголемувње на оброкот од 120 на 140 денари дневно, сепак во прилог подолу можете да видите дека, оние кои се апсолвенти, кои земаат било каква стипендија, кои немаат положено 80% од предвидените испити и кои во семејството имаат примања поголеми од минималната плата нема да имаат право да добиваат оброк.

Значи наводното зголемување за 20 денари е кукавичкото јајце во овој закон.

Одозгора на тога што би рекол еден поранешен прогресивец, во мерките за рационализација на Владата е предвидено намалување за 15% на потрошувачката на струја во студентските домови во споредба со ланската година (лани домовите беа затворени) или во превод –> Гасење на фрижидери, лифтови, одземање на греалки, решоа, бркање на студенти.

На пример наместо СДС да држи трибини низ државата каде што слушаме дека З.З им бил запечатен во левата преткомора, може да рационализираат и украдените пари да ги вратат на државата, наместо да удираат по студентите.
Наместо да намалат министрите со бифтеци и кавијар, тие го намалуваат оброкот кај СТУДЕНТИТЕ.