Изложбата на скулптури „Мрак“ на Озбек Ајваз на 23-ти август во Паркот на Франкофонија

„Мрак“, првата самостојна изложба на скулптури на младиот уметник Озбек Ајваз, ќе биде отворена на 23 август, среда во Монтажната галерија во Паркот на Франкофонија.

Со почеток во 19 и 30 часот, присутните ќе имаат можност да погледнат дела изработени од рециклирано железо во геометриски форми.

„Среде темнината што се шири, една сијалица се појавува како симбол на надеж. Неjзиниот нежен сјај се пробива низ мракот, кој го открива патот пред нас, давајќи чувство на утеха“, вели авторот за изложбата.

Озбек Ајваз е роден 1999 година во Скопје. Дипломирал на Универзитет Св. Кирил и Методиј – Факултет за ликовни уметности во Скопје, на одсек вајарство, со модул сценографија во 2021 година, под менторство на Жарко Башески и  Беди Ибрахим. На магистерски студии е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, одсек вајарство, под менторство на Жарко Башески. Во 2021 година ја добива наградата за надежен млад уметник во Истанбул, Турција, а од 2023 г. е член на ДЛУМ – Друштво на ликовни уметници на Македонија. Неговиот уметнички израз е под влијание на Пабло Пикасо, Александар Архипенко, Марсел Дишан, и Џулио Гонзалес.