Протест во Богданци: Патот се прави – Пристап до имотот за жителите нема

Обиколницата која се гради кај локалниот пат помеѓу Богданци и Гевгелија не овозможува жителите кои работат и егзистираат таму да пристапат до своите имоти и ниви. Имено, во сегашниот проект околу обиколницата предвидува поставување на банкини, дел од нив се веќе поставени и со ова се заградува патот преку кој жителите доаѓаат до своите ниви. Воедно, на обиколницата е забрането да се движи земјоделската механизација.

Советникот од Левица во Општина Богданци соопшти дека за овој пропуст одговорноста треба да ја сносат Претседателот на Советот, градоначалникот Шапов и Министерот Бочварски.

Укинато е правото за пристап до сопствен имот со носењето одлука за пренамена на истата обиколница од локален во регионален пат во 2018… Бидејки Драгица Ѓавочанова како Претседател на Совет ја потпиша оваа одлука, истата има рок од 72 часа да изнајде решение за своите глупости заедно со градоначалникот Шапов и Министерот Бочварски.

На протестот се придружи и Советникот од Гевгелија Саше Јанчев, кој потсети дека државата е должна да обезбеди пристап до имотите на секој граѓанин и додаде дека во овој случај, луѓето до својот имот можат да стигнат само со хелихоптер.

Ако остане вака луѓево пристап до своите имоти ќе имаат само со хеликоптер. Државата има обврска да обезбеди пат до имотите на граѓаните. Ова го нема ни во Тунгузија! – напиша Јанчев.

Граѓаните најавуваат дека ќе има секојдневни блокади на регионалниот пат се дур не им се обезбеди пристап до нивните имоти. Доколку не се исполнат нивните барања, блокада ќе се премине во протести и ќе се радикализира!